21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа успехот е потребен внатрешен стимул - повторувајте ги овие реченици секој...

За успехот е потребен внатрешен стимул – повторувајте ги овие реченици секој ден

Motivation-660x330

Прочитајте ги овие осум реченици кои секојдневно би требало да си ги кажете самите на себе – затоа што за успехот е потребна голема самодовербa, самопочит и внатрешен стимул.

Треба да научите да бидете добри кон себе си, самите да се мотивирате со цел да успеете, во ниту еден случај не смеете да се посомневате во вашите квалитети, да се потцените или демотивирате.

Доколку посакувате поголем успех во деловниот живот овие нешта мора постојано да си ги повторувате, да се наградите себе си со убави зборови за да се стимулирате и да ги достигнете поголемите цели.

1. Знам да сакам и заслужувам да бидам сакан/а.

2. Јас сум прекрасен/а.

3. Горд/а сум на себе си и на тоа што го постигнувам.

4. Она што го работам и она кон што целам има големо значение.

5. Не мора се да биде совршено.

6. Јас тоа го можам.

7. Јас сум единствен/а и имам што да му понудам на овој свет.

8. Јас сум доволен/на.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП