21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксузните имоти во Северна Америка се магнет за богатите

Луксузните имоти во Северна Америка се магнет за богатите

lusk imot3 3

Мултимилионерите и милијардерите се уште имаат интерес за инвестиции во луксузни недвижности во Северна Америка и покрај знаците за „ладење“ на високиот сегмент од пазарот, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоците на „Citigroup“.

Според Ида Лиу од банката, инвестициите во луксузни имоти се сигурен азил за богатите, со што ќе си ги прошират инвестициските паричници.

„Citigroup“ работи со една третина од милијардерите во светот, вклучувајќи и многу богати поединци од Кина. Тие продолжуваат да ја гледаат Северна Америка како дестинација број 1 за вложувања во имот.

Во последните години приватни клиенти на „Citi“ и помогнаа да се финансира изградбата на едни од највисоките облакодери во Менхетен и Бостон.

Банката планира да издаде уште еден сличен инвестициски проект во Северна Америка. Засега финансиската институција не открива во кој град е проектот и кои се неговите параметри.

Новинската агенција потсетува дека банката доби за само три недели 400 милиони долари од богатите клиенти кои инвестира во облакодерот во Менхетен на Парк авенија. Оние кои имаат инвестирано минимум 250.000 долари, платиле по околу 2.000 долари за м2. Во моментов површините во зградата се продаваат за околу 6.000 за м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП