2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитoт на сопственикот на Zara

Скокна профитoт на сопственикот на Zara

214622225557612ad9e2032586678228_w640

Нето профитот на шпанската модна куќа „Inditex“ сопственик на ланецот продавници „Zara“, порасна за шест проценти во првиот фискален квартал од тековната година.

Профитот скокна благодарение на зголемената продажба во светот.

Профитот на „Inditex“ во периодот февруари-април изнесувал 554 милиони евра, што е скок во однос на 521 милиони евра од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Во вчерашното тргување на Мадридската берза, акциите на компанијата скокнаа за 2,7 проценти, на 27,74 евра.

Од компанијата порачуваат дека продажбата достигнала 4,88 милијарди евра, што е 12-процентен раст во однос на истиот период во 2015 година.

„Inditex“ како што соопшти, отвори 72 нови продавници во тој период, чиј број сега изнеусва 7,085 како и 11,900 нови работни места.

Амансио Ортега во 1975 година го основал „Initex“, под чиј кров се осум брендови, меѓу кои „Massimo Dutti“и „Bershka“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП