18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција избегна дефлација во мај

Франција избегна дефлација во мај

maj defla 00

Франција излезе од дефлација во мај, откако индексот на потрошувачките цени за прв пат од февруари не забележа намалување, а наместо тоа останува на нула ниво на годишна основа, покажува конечното читање на статистичките податоци.

Во април цените запишаа пад од 0,2% на годината, а прелиминарните податоци за мај покажаа пад од 0,1 отсто.

На месечна основа индексот на потрошувачките цени во Франција се зголемува за 0,4% во мај, откако се зголеми за 0,1% во април. На сезонски прилагодената база тој се зголемува исто со 0,4%.

„Зголемувањето на потрошувачките цени во мај главно се должи на раст на цените на храната и на нафтените производи кои растат трет месец. Зголемувањето на цените на другите стоки и услуги е умерено“, посочуваат од статистичката служба во Франција.

Во петтиот месец од годината цените на прехранбените производи растат со 1% на годишна основа, откако останаа стабилни во април. Зголемувањето се должи главно на сезонски скок во цените на свежите прехранбени производи, кој е посилно изразен во мај оваа година (7,5%) во однос на мај 2015-та година (3,2%).


source: tradingeconomics.com

Зголемувањето на цените на овошјето (20,4%) е речиси двојно поголема во споредба со минатогодишниот (10,5%). Поскапувањето на преработените производи изнесува 0,2% шести месец по ред.

Цената на шеќерот се намалува за 4,6% во однос на минатата година, оваа на готовите јадења паѓа за 3,9%, додека кај сушеното овошје цената се зголемува за 4,7%, а на маслиновото масло расте со 4,1%.

Во почетокот на месецот Централната банка на Франција ја намали прогнозата за инфлацијата и ги промени очекувањата за економскиот раст во 2017-та година. Банката ја промени прогнозата за хармонизираниот индекс на потрошувачките цени на Франција до 0,2% во 2016-та година и 1,1% во 2017-та година од 1% и 1,5%, соодветно, дадени во декември.

Инфлацијата оваа година ќе биде засегната од падот на нафтените цени, ниските плати и високата невработеност. Овие фактори ќе влијаат помалку врз цените следната година, но овој пораст на вредноста на еврото ќе ги задржи цените на произведените стоки, наведуваат од регулаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП