18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит цените на акциите паднаа четврти ден по ред

На Волстрит цените на акциите паднаа четврти ден по ред

wall stre 33

На њујоршки Волстрит и во вторникот паднаа цените на акциите, четврти ден со ред, бидејќи вложувачите се воздржани од можното излегува на Велика Британија од Европската унија.

Индексот Dow Jones падна за 0,33 отсто, на 17.674 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,18 проценти, на 2.075 поени, а Nasdaq индексот ослабе за 0,10 отсто, на 4.843 индексни поени.

Индексот S&P 500 падна во последните четири дена за околу 2 отсто, што во прв ред е последица од стравувањата на вложувачите од нарушувања на финансиските пазари доколку Британија излезе од ЕУ.

А една седмица до гласањето на референдумот за тоа прашање (23-ти јуни), поборниците на излегувањето водат во анкетите. Оттаму, инвеститорите не се наклонети кон поризични инвестиции, туку засолниште за својот капитал бараат во оние кои се сметаат за посигурни во несигурните времиња, како што се државните обврзници и поедини валути.

„Тргувањето се одвива согласно анкетите за Брекзитот. Денес цените на акциите подобро ја одразуваат ситуацијата отколку пред една седмица, но мислам дека во нив уште не е сосема вградена можноста за излегување Британија од Унија“, вели Џон Канејли, стратег во компанијата „LPL Financial“.

Во четири од десетте сектори S&P 500 индекси во вторникот паднаа, а најмногу, за 1,45 отсто, во финансискиот сектор.

Вложувачите се внимателни и поради тоа што во вторникот започна дводневната седмица на челниците на американската централна банка. Иако не се очекува зголемување на каматите веќе сега, вложувачите внимателно ќе следат кога банката тоа би можела да го стори.

Според последните анкети меѓу трговците на пазарот на пари, никој не очекува зголемување на каматите веќе во седа, но постојат 21 отсто шанси дека тие ќе бидат зголемени во јули. Се проценува и дека има 40 отсто шанси каматите да бидат зголемени во септември, а 59 проценти во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП