26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс: Еве што би правел најбогатиот човек на светот ако живее...

Бил Гејтс: Еве што би правел најбогатиот човек на светот ако живее со само два долари на ден

gates-640x330

Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот, со дури 74.9 милијарди долари, што е богатство кое обичниот човек тешко може да си го замисли.

Но иако има повеќе пари отколку што би можел да потроши, тој се обиде да замисли како би живеел во случај да e во екстремна сиромаштија, во која денес живеат речиси милијарда луѓе, односно со само два долари на ден.

Гејтс како еден од водечките филантропи, поминал многу време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка и така го знае најдобриот начин за живот во сиромаштија.

Нормално, сиромаштијата изгледа поинаку на различни места, а во текстот кој го објави на својот блог, Гејтс понуди повеќе трикови со чија помош може да се преживее со само два долари на ден.

„Јас би одгледувал пилиња“ – порача Гејтс објаснувајќи дека „Пред се, пилињата се многу лесни и евтини за одржување, а можам да допринесам и за одржувањето на здравјето на децата бидејќи се непроценлив извор на хранливи материјали. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, а тука е и можноста да се продаваат пилињата и јајцата и потоа со тие пари да се купи друга храна“ – објаснува Гејтс. Судејќи според најбогатиот човек на светот, пилињата се добра инвестиција, а Бил тука се обиде да докаже дека е еден од најдобрите претприемачи на светот.

„Да претпоставиме дека фармерот ќе започне со пет кокошки. Еден комшија има петел кој може да помогне и ги оплоди кокошките за да имаат повеќе јајца. После три месеци, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крајот, продажната цена од пет долари по пиле, што е типична цена во Западна Африка, може да донесе до заработка од преку 1000 долари годишно“ –објаснува Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП