28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови пет инвестиции и 130 нови слободни работни места во Општина Илинден

Нови пет инвестиции и 130 нови слободни работни места во Општина Илинден

илинден

Во локалната економска зона „Ограѓа“ во населба Илинден влегувааат пет нови инвестиции.

Во насока на интензивирање на локалниот економски развој и привлекување на домашни и странски инвеститори, Општина Илинден преку електронско јавно наддавање отуѓи пет градежи парцели наменети за лесна и незагадувачка индустрија, со вкупна површина од 30.000 метри квадратни.

На овие парцели свои капацитети ќе почнат да градат компаниите „Мултипром“, „Вертиго Дизајн“ и „Деус Биб“. Според најавите од инвеститорите во новите погони ќе бидат инвестирани околу осум милиони евра, при што ќе бидат отворени 130 нови слободни работни места.

Овие компании на новите локации ќе градат погони за производство на кондиторски производи, магацински и деловен простор, како и шпедитерско транспортни капацитети.
Со ова Општина Илинден и понатаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите и отворањето на нови слободни работни места, во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. И во иднина, во континуитет ќе се залага за намалување на стапката на невработеност која во моментот е помалку од 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП