25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPolestar го создаде најмоќното Volvo во историјата (фото)

Polestar го создаде најмоќното Volvo во историјата (фото)

polestarvv 00

Најмоќниот сериски автомобил во историјата на „Volvo“ е хибриден кросовер. Ова е новото „XC90“ во верзија на тјунерската компанија „Polestar“.

Серискиот хибрид „XC90 T8 Twin Engine“ веќе беше претставен од Швеѓаните како „најмоќното и најеколошки SUV на планетата“. Тој располага со 407 КС и 640 Нм, генерирани од комбинација од 2,0-литарски бензински мотор и електромотор.

polestarvv 02

Инженерите на „Polestar“ ги доработиле и двата мотори, па така успеале да произведат вкупна моќност од 427 КС и максимален вртежен момент од 680 Нм.

Иако подобрувањето не изгледа особено импресивно на хартија, резултатот во однос на динамиката е солиден – времето за спринт од 0 до 100 км / час е намалено за 0,4 сек и веќе трае 5,5 сек. Додека просечната потрошувачка остана непроменета – 2,1 l / 100 km, покажуваат информациите од „Volvo“.

polestarvv 01

Слично на презентираните „Polestar“ верзии на новите „Volvo S90“ и „V90“, доработениот „XC90“ располага со подобрени можности на моторот и работата на 8-степениот автоматски менувач. Трансмисијата е поставена така што да не менува на поголема брзина кога моделот влегува во кривина со голема брзина, што според „Polestar“ обезбедува поголема безбедност и спортска возбуда при возењето.

„XC90 Polestar“ е веќе достапен на пазарот во Европа, а му претстои неодамнешно деби и во САД. Ова веројатно ќе биде најмоќната верзија на „XC90“, бидејќи од „Volvo“ веќе најавија дека немаат намера да конструираат поголеми бензински и дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП