19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкцијата на паркинг просторот до Тутунски комбинат

Реконструкцијата на паркинг просторот до Тутунски комбинат

parking

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата 11 Октомври, до Тутунски комбинат.

На паркиралиштето е изгребан горниот асфалтен слој и е нанесен нов асфалт од типот АБ-11. При реконструкцијата на просторот нивелирани се шахтите и сливниците, а во наредниот период ќе се изврши бележење на паркинг местата. По завршувањето на бележењето на паркинг местата, ЈП „Градски паркинг“, на паркингот ќе постави куќичка за наплата и автоматска рампа.

Ова паркиралиште е со површина од 3.283 квадратни метри и ќе има 134 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со посебни потреби.

За реконструкцијата на овој паркинг простор беа потрошени околу четири милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП