4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем на мали бизниси од североисточниот регион

Саем на мали бизниси од североисточниот регион

saemhrani335

Денеска во центарот Јавна Соба во 12 часот започнува саемот на мали бизниси од Североисточниот регион на Македонија (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце) кои ќе изложуваат и продаваат нови производи карактеристични за регионот.

Ќе се изложат автентични локални вина, суџук, сирења, кашкавали, мед, тестенини, зачини, накит и облека, и туристички дестинации. Влезот е слободен, а саемот ќе биде отворен во среда од 12 до 20 часот и во четврток од 12 до 18 часот.

Специјален гостин на саемот е кулинарот Марк де Јонг, кој во среда од 18 часот ќе состави и презентира нова мени карта со кумановски специјалитети.

„Ова е феноменален предел кој изобилува со врвни локални продукти и специјалитети. Домашната и странската публика се навиканати на овие вкусови. Јас ќе ја заобиколам традицијата и се обидам да ги приготвам познатите јадења на најсовремен начин преку обогатување со локални зачини кои ги имаат во изобилие, но и ќе го променам начинот на сервирање“, вели Марк де Јонг.

Како финален производ на овој кулинарски зафат кој е достапен за сите посетители, Македонија ќе добие една автентична мени карта со кумановски специјалитети која ќе биде споделена со ХОРЕКА објекти (хотели, ресторани, меани)  од регионот.

Саемот на мали бизниси од североисточен регион е организиран од  локалните акциони групи  Абер 2015 и Особовски Лисец во партнерство со Јавна Соба и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП