23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашите мрзливи колеги се посреќни од вас

Вашите мрзливи колеги се посреќни од вас

mrzlivi1

Нова студија го покажува она во што долго се сомневавме. Мрзеливите луѓе на работа се многу посреќни од оние кои работат вредно и посветено во текот на денот.

Сите знаеме барем една личност која доаѓа доцна. Си оди рано. Не претерува со работа, посветена е на работата само просечно, а кога треба да се остане подоцна, тоа никогаш не е опција.

Но, барем се смее почесто од вас.

Според новата студија во која биле вклучени податоците за перформансите на вработените од  1.000 компании, податоците го покажале следното:

Мрзеливите луѓе често ги добиваат најлесните работи бидејќи менаџерите не бараат многу од нив, затоа тие се соочуваат со многу малку стрес и се позадоволни од своето функционирање на работното место. На крајот од работниот ден одат дома кај своите семејства со што по завршувањето на работното време не помислуваат веќе на работата бидејќи не ги носат грижите и работните обврски и дома.

Од друга страна пак, посветените и работиливи вработени често остануваат дури и подоцна на работа, работејќи ја работата на нивните мрзливи колеги и поправајќи ги нивните грешки. Ваквиот начин на работење води до фрустрација и нервоза кај овие луѓе – што во крајна линија често ги тера да бараат работа на друго место. Тие се постојано под стрес и се чувствуваат како да не се ценети воопшто во рамки на организацијата во која работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП