5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Русија над желбите на Путин

Буџетскиот дефицит на Русија над желбите на Путин

rusijan2973ry932yr

Буџетскиот дефицит на Руската Федерација од јануари до мај оваа година изнесувал 1,48 билиони рубљи (22,4 милијарди долари) или 4,6 проценти од БДП.

Само во мај, буџетскиот дефицит изнесувал 350,36 милијарди рубљи (5,2 милијарди долари), во однос на податоците на руското министерство за финансии, се додава во соопштението кое го пренесе руската агенција Тас.

Буџетските расходи во првите пет месеци од оваа година изнесувале 6,13 билиони рубљи (92,4 милијарди долари), додека приходите достигнаа 4,64 билиони рубљи (69,9 милијарди долари).

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на оваа година изјави дека буџетскиот дефицит во 2016 година не смее да прејде 3,0 проценти од БДП, потсетува Тас.

Агенцијата додава дека, според зборовите на министерот за финансии на Русија Антон Силуанов, министерството е на пат да достигне дефицит од 3,3 проценти до крајот на годината, ако цената на уралската сирова нафта биде 40 долари по барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП