9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРелативно мирен ден на Македонската берза

Релативно мирен ден на Македонската берза

mak berza

По раздвиженоста од претходните денови благодарение на акцијата на Макпетрол, на Македонската берза за хартии до вредност во вторникот се тргуваше релативно мирно.

Денот заврши со вкупен промет од околу 2,6 милиони денари, остварени преку 19 трансакции и вкупно истргувано количество од 2.534 акции.

Најголем промет од 985.800,00 денари беше реализиран преку три трансакции со акциите на Еуромак Брокер АД Скопје по просечна цена од 9.300,00 денари.

Најголем пад на вредноста од (-10 отсто) забележа токму акцијата на Макпетрол АД Скопје, преку само 4 истргувани акции при што денот го заврши со вредност од 20.700,00 денари. Веднаш зад неа се најдоа акциите на Еуромак Брокер АД Скопје и Македонски Телеком со пад од 2,33 и 0,01 отсто, соодветно.

На листата на добитници се најдоа само две акции, и тоа акцијата на Гранит АД Скопје со раст на вредноста од незначителни 0,93 отсто, и акциите на Комерцијална банка АД Скопје со раст од 0,13 отсто.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 1,69 отсто, и неговата вредност изнесуваше 1.746,18 индексни поени, додека пак индексот ОМБ имаше раст од 0,02 отсто и заврши со вредност од 126,70.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП