6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во овој град секој трет жител е милионер

График на денот: Во овој град секој трет жител е милионер

MOA

Финансиските центри Њујорк и Лондон се поврзувани со големиот број милионери, но тоа дефинитивно не се градовите каде што живеат најмногу богаташи.

Податоците од новата студија овластена од луксузното издание „Spear’s“ и консултантската компанија „WealthInsight“, покажува дека 4.7 и 3.4 проценти од населението во двата града располага со средства од над 1 милион долари. Тоа, сепак, им е доволно за четвртото и петтото место во светот, далеку зад првите три.

Лидер на оваа престижна листа е Монако, каде што речиси 1/3 од населението може да се пофали дека се милионери (31.1%).

Следат швајцарските Цирих и Женева, исто така познати по ниските даноци и високиот квалитет на живот. Токму таму, милионери се соодветно 24.3 и 17.7% од жителите.

Политичката стабилност е исто така важен факт за изборот на дом од страна на милионерите, информираат во извештајот.

На листата уште се наоѓаат Осло, Хонгконг, Франкфурт, Сингапур и Амстердам, додека Фиренца, која ја зазема 11-та позиција, може да се пофали со по еден милионер на секои 40 жители. Во топ 20 се уште Рим, Даблин, Венеција, Доха, Тел Авив, Париз, Торонто, Брисел и Сиднеј.

Spears22

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП