5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтетата од пробивањето пат на Водно е близу милион денари

Штетата од пробивањето пат на Водно е близу милион денари

водно-стета

Вкупно 853.200 денари е штетата во заштитената зона во Парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“, каде на крајот од мај имало сеча на дрвја, соопшти Град Скопје.

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ ја информираат јавноста дека за настанатите штети во парк шумата Водно побарале од Бирото за судски вештачења да ги утврди околностите и висината на штетата којашто е настаната.

Јавното претпријатие поднело пријава против физичко лице до Министерството за внатрешни работи.

„Од вештаците на теренот е утврдено дека при крајот на мај 2016 година во парк шумата Водно вршени се активности во заштитеното подрачје, кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума. Во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“ вршени се градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина. Со извршените земјени работи зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје. При вршењето на градежните земјени работи извршено е оштетување и уништување на стебла од црн бор и стебла од разни листопадни дрвја, како и природен подмладок од црн бор со старост над три години“, соопштија од Град Скопје.

Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума, вредноста на штетата предизвикана со активностите во заштитеното подрачје, кои не со во согласност со планските документи за заштитеното подрачје, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума Водно, изнесува вкупно 853.200 денари.

За оштетени стебла од црн бор штетата е 403.200 денари, за оштетени стебла од листопадни дрвја 90.000 денари и за оштетен природен подмладок од црн бор 360.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП