25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во ЕУ од 0,4 отсто

Раст на индустриското производство во ЕУ од 0,4 отсто

bigstockphoto_Financial_Growth_193769.199143248_std

Индустриското производство во земјите-членки на еврозоната, како и во целата ЕУ во февруари годинава забележа раст од 0,4 проценти во однос на претходниот месец, соопшти денеска европската статистичка агенција Евростат.

Во јануари растот на индустриското прозводство на месечно ниво во еврозоната изнесуваше 0,5 проценти, а на ниво на целата ЕУ – 0,6 отсто.

Во споредба со февруари 2012 индустриското производство во еврозоната во вториот месец од оваа година е зголемено за 2,5 проценти, а во цела ЕУ за 3,1 отсто.

Најголем раст на годишно ниво од 6,5 проценти бележи индустриското произвоство во Романија, пред Бугарија со 5,1 и Словенија со 3,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП