28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриносот по 10-годишните обрзници за прв пат падна под 0%

Приносот по 10-годишните обрзници за прв пат падна под 0%

obli de 00

За прв пат во историјата на Сојузна Република Германија приносот на најважните државни обврзници со рок на достасување од десет години паднаа под нула проценти. Така практично државата ќе добива пари додека превзема долгови. Приносот по важните од меѓународна гледна точка, десетгодишната обврзница денеска падна до минус 0,004%, пренесува „Bloomberg“.

Дилерите ја објаснуваат силна побарувачката на германски обврзници со нервоза на финансиските пазари пред гласањето за евентуално напуштање на ЕУ од страна на Велика Британија во текот на следната недела. Стравувањата од евентуален „Brexit“ ги тераат инвеститорите да бараат посигурни засолништа за своите вложувања, како што германските обврзници.

„Никој не купува обврзници на овие нивоа на принос, мислејќи дека тие се привлечни“, вели пред „Bloomberg“ Јуси Хилјанен, шеф на „SEB AB“ во Стокхолм. „Барањето на средства-засолништа е управувано од стравот од „Brexit“ и загриженоста за глобалниот раст. Инвеститорите купуваат државни обврзници, како заштита против несигурноста“.

obli de 0111

При обврзници со пократок рок негативната камата веќе е секојдневие. Инвестициите во две годишни обврзници се како целина губитници уште од средината на 2014-та година. Федералната република е втората земја од низата на седумте водечки индустриски земји (Г-7), чии десетгодишни обрврзници се со вредност под нула проценти. Приносот по споредливите јапонски обврзници е на негативна територија од почетокот на март.

Десетгодишните државни обврзници се најважниот механизам за финансирање на огромниот германски долг. Кон крајот на првиот квартал тој достигнува 1,08 илјади милијарди евра. Речиси половина од долгот се состои токму од десетгодишните државни обврзници.

Во прилог на тоа федералната влада издава и државни обврзници со рок на достасување, кој варира од неколку месеци до 30 години. Генерално речиси 98 отсто од долговите на федералната република се сочинуваат од берзански продаваните хартии од вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП