4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia договори бизнис вреден 1,46 млрд долари

Nokia договори бизнис вреден 1,46 млрд долари

680942714575fa72485298534587167_w640

Финската компанија „Nokia“ потпиша 1,46 милијарди евра вреден договор со кинеската компанија „China Mobile“ за креирање на „мрежи во облак“ за кинескиот оператор.

„Со договорот се предвидува креирање на беспрекорни мрежи кои поефикасно ќе ги задоволуваат растечките потреби на корисничките бази за пренос на податоци, се наведува во соопштението на „Nokia“, пренеусва агенцијата Франс прес.

Договорот го потпишаа претседателот на „China Mobile“ Ли Хуиди и директорот на „Nokia“ во Германија Ханс-Јурген Бил, на Кинеско-германскиот економски форум во Пекинг, во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

„Nokia“ според овој договор, ќе обезбеди нов вид на базни станици кои овозможуваат истовремено користење на повеќе радио технологии и ги подржуваат сите брзини на пренос од најстарите до најновите.

„China Mobile“ е најголемиот мобилен оператор на светот и еден од трите оператори на кинескиот пазар, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП