3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackstone доби 5,5 милијарди евра за нов фонд за инвестиции во имоти...

Blackstone доби 5,5 милијарди евра за нов фонд за инвестиции во имоти во Европа

blackstone 335

Најголемата компанија во светот за управување со имотни активи – „Blackstone“, доби 5,5 милијарди евра за нов фонд за инвестиции во Европа.

Компанијата е на пат да го постигне претходниот рекорд – фонд од 7 милијарди долари за инвестиции на Стариот континент, кој се затвора оваа година, во позадина на промената во фокусот на инвеститорите од САД кон Европа.

За споредба, вкупниот обем на бираните средства во првиот квартал од приватните инвестициски фондови кои инвестираат во Европа, достигна 40 милијарди долари наспроти 30 милијарди долари во претходниот квартал, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Preqin“.

Вкупниот обем на бираните средства од инвестициски фондови за вложување во имот во Северна Америка се намалува од 89 милијарди долари до 60 милијарди долари во првиот квартал.

Ентони Маерс, управниот директор на „Blackstone“, коментираше неодамна дека „станува сè потешко да се најдат можности за инвестиции во САД, но Европа е пред нас“.

Фондот на „Blackstonе Europe Real Estate Investors V“ ќе цели кон слично враќање како фондовите, започнати во 2014-та година – 20 отсто бруто внатрешна стапка на поврат или 15 проценти по одбивање на надоместоците. Фондот ќе инвестира главно во Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија.

Посветеност кон Фондот презеле голем број на големи институционални инвеститори, меѓу кои е пензискиот фонд на вработените во јавниот сектор во Сан Франциско.

„Blackstone“ поседува рекордни паричници од имот во хотелскиот сегмент, кои или се наоѓаат на берзата, или продаваат. Како и другите приватни капитални компании „Blackstone“ ги проучува и можностите на пазарот за надзор на кредити во Италија, каде што банките држат проблематични средства за околу 360 милијарди евра. Многу од нив се обезбедени со деловен простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП