2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот повторно ја краде славата, скокна на 700 долари

Биткоинот повторно ја краде славата, скокна на 700 долари

биткоини---

Претходните денови е забележан едeн од најголемите скокови на вредноста на биткоинот, кој сега вреди околу 700 долари.

Во последните неколку денови, сопствениците на биткоини, имаа причина за задоволство. Вредноста на оваа виртуелна криптовалута порасна на речиси 700 долари, вредност каква што не е забележана во последните две години.

Уште изминатиот петок вредноста на еден биткоин се движеше околу 585 долари, за вчера да достигне вредност од повеќе од 695 долари – растот изнесува 19 проценти само во текот на викендот. Во послeдниoт месец, цената на биткоинот порасна за повеќе од 52 проценти.

Новата причина за ваквото движење на цените е најавеното планирано намалување на понудата на биткоинот. Следниот месец, имено, ќе биде активиран „halving“ процесот во кој генерирањето на нови биткоини преку експлоатацијата буквално ќе се преполови.

Ограничувањето на понудата неминовно условува зголемување на цените, па затоа многу приватни и институционални инвеститори побрзаа да купат од оваа валута пред најавеното „преполовување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП