3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен: Веднаш да се формира банкарска унија

Оли Рен: Веднаш да се формира банкарска унија

oli1

Европската унија мора да ги прецизира „правилата на игра“ кои се однесуваат на помошта за критичните банки, изјави европскиот комесар Оли Рен.

Според неговите зборови, потребно е да се забрза основањето на механизмот за помош или гасење на овие институции.

„Со оглед на тоа дека сеуште постои неизвесност околу правилата за игра во врска со гасењето на банките и помошта за нив, сметам дека е многу важно тие правила сега да ги разјасниме“, изјави Рен за европското издание на Волстрит Журнал.

Комесарот наведе дека Шпанија е добар пример како треба да им се помогне на банките, нагласувајќи дека европската банкарска унија би требало да биде формирана до 2015 година.

Таквата унија генерално е договорена, но некои детали се уште не се финализирани, вклучувајќи ги прописите за неосигураните депозити, главно оние поголемите од 100.000 евра.

Некои европски официјални лица сметаат дека депонентите со толкави депозити би требало да учествуваат во спасувањето на банките само ако акционерите и инвеститорите не се во можност да ги соберат потребните ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП