Трговската седмица започна со повисок промет во однос на претходните, поточно беше остварен промет од вкупно 7.282.757 денари преку 34 трансакции и 3.631 истргувани акции.
Највисок промет беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со 2.148 истргувани акции по просечна цена од 2.180,39 денари и вкупната вредност на трансакциите од околу 4.,6 милиони денари, со што акцијата го зазеде првото место според остварен промет.
На дневната листа на добитници, во понеделникот најголем раст имаше акцијата на Фустеларко-Борец Битола АД, со просечна цена од 1.000,00 денари и раст на вредноста од 25 проценти. По неа следеа акциите на Мактетрол АД Скопје со истргувано количество од 4 акции и раст од 9,22 проценти, и Алкалоид АД Скопје со истргувани 35 акции и раст од 0,48 отсто.
Наспроти неа, листата на губитниците ја предводеше акцијата на Топлификација АД Скопје, со вкупно 30 истргувани акции и пад од 2,73% отсто по просечна цена 522,33 денари.
МБИ-10 забележа раст од 1,30 отсто и заврши на 1.776,22 индексни поени, а индексот ОМБ вчера остана непромент на вредност од 126,72 индексни поени.