18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПисателката Јелена Бачиќ – Алимпиќ гостин на „Булеварот на книгите“

Писателката Јелена Бачиќ – Алимпиќ гостин на „Булеварот на книгите“

jelena-bacik

Клубот Матица, на Булеварот на Книгите, во вторник, своите членови и читатели ќе ги почести со присуство на најчитаната балканска авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Поводот за нејзиното гостување е излегувањето од печат на последната книга од трилогијата „Казна за гревот“, „Молитва за прошка“.

„Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на ‘Молитва за прошка‘, третата книга од трилогијата ‘Казна за гревот‘, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања“, изјави Бачиќ.

По првите два романи „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“ ова е неверојатна завршница која сите со нетрпение ја очекувавме.

„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите. И за љубовта како последно засолниште.

Финалето ќе започне во 19 часот на Булеварот на Книгите (Бул. Климент Охридски) и ќе биде своевидна увертира за бројните настани и изненадувања што ќе се подготвуваат во Клубот за лето 2016.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП