3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 50 долари

Цените на нафтата под 50 долари

nafta 56

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот се лизнаа под 50 долари, притиснати од тмурните изгледи за економиите во Европа и во Азија, како и од посилниот американски долар со што поскап станува увозот на горивата за земјите кои користат други валути.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта падна за 87 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 49,74 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 48,35 долари, по 72 центи пониска цена во споредба со претходното затворање.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОPEC) објави дека цената на неговата референтна кошница нафта во петокот изнесувала 47,05 долари за барел, што значи дека поевтинила за речиси еден долар во однос на претходниот трговски ден.

Американскиот долар зајакна за 1,2 отсто во однос на кошницата валути споредено со најниските нивоа досега во јуни, а поддршка му дадоа стравувањата од можното излегување на Велика Британија од Европската унија, како и загриженоста за азиските економии и можноста за подигнување на клучните каматни стапки во САД.

Се стравува, исто така, и до забавувањето на кинеската економија, во прв ред поради предимензионираните индустриски капацитети и спиралата на растот на долгот.

Во понеделникот Европската централна банка (ECB), исто така, предупреди дека придонесот на пониските цени на нафтата на економскиот раст би можело да биде поскромен отколку што првично се очекуваше и дека во крајна линија може дури и да се сопре.

И од OPEC предупредуваат на континуирано големиот вишок на понуда, иако прогнозираат дека глобалниот пазар на нафта ќе биде подобро урамнотежен во втората половина од годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП