11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кисела Вода досега легализирани 4.782 објекти

Во Кисела Вода досега легализирани 4.782 објекти

кисела-вода

Скопската Општина Кисела Вода додели во понеделникот 50 нови решенија за легализирани дивоградби, со што бројот на решени предмети се искачи на 4.782, или една третина од пристигнатите 13.849 барања за легализација.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат во овој момент изнесува 4.085. Исто така, изготвени се уште 286 урбанистички согласности, од кои, за 223 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Од Општина Кисела Вода ги повикуваат сите граѓани, коишто ја немаат докомплетирано документацијата. што поскоро да ја достават до административните служби.

Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.12.2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП