18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ќе „краде“ клиенти од BMW i3

Volkswagen ќе „краде“ клиенти од BMW i3

koce8844

„Volkswagen“ одлучи да се фокусира на развој на цела низа електрични возила кои се развиваат под името „NUVe“. Како дел од неа, германскиот производител ќе лансира 6 концептуални модели на батерии, а 4 од нив ќе се појават и во сериско производство.

Првата од сериските машини ќе треба да се натпреварува со „BMW i3“, а таа ќе биде прикажана на саемот во Париз во октомври, соопшти „Auto Bild“. Возилото ќе биде изградено на платформата „MEB“ специјално развиена за целосно електрични компактни автомобили.

На ова шасија е направен и првиот од концептуалните модели – „BUDE-Е“ (на сликата), кој беше прикажан на саемот за електроника „CES 2016“ во Лас Вегас. Кај него принципот е максимално поедноставен – батериите се наоѓаат под подот, а тоа остава повеќе простор во кабината. Истиот пристап се користи и кај лидерот кај електричните автомобили – „Tesla“.

Под хаубата на „BUDE-E“ се наоѓаат 2 електромотори со моќност од 300 КС. Благодарение на нив концепт може да помине над 500 км, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае околу 5,6 секунди. Истите агрегати, но со помала моќност ќе се користи и кај конкурентот на „BMW i3“, кој треба да излезе во серија во 2019-та година.

Во „Volkswagen“ предвидуваат моделот да чини помалку од 40.000 американски долари. Освен за пазарот во САД новите електрични возила на „Volkswagen“ ќе бидат насочени и кон Кина, каде Германците имаат сериозни производствени капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП