21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградбата на нови домови во Германија достигна 10-годишен максимум

Изградбата на нови домови во Германија достигна 10-годишен максимум

Cranes are seen on the construction site of Frankfurt's university campus in Frankfurt

Во Германија во 2015-та година се изградени повеќе станови отколку во која и да е година од 2006-та. Темпото сепак не е доволно за да се задоволат потребите на рекордниот прилив од мигранти, соопштува „Ројтерс“.

Околу 247.700 домови биле изградени во Германија во минатата година – со 1% повеќе во однос на претходната година, покажуваат податоците на Федералната статистичка служба. Последниот поголем број станови – 255.600 биле изградени во 2006-та година.

Градежниот министер Барбара Хендрикс објави дека најмалку 350.000 нови домови треба да се градат годишно, додека според градежната индустрија се потребни 400.000 нови станови секоја година, за да се задоволи побарувачката на пазарот.

Претходно во свое истражување по нарачка на Унијата „Социјално домување“ институтот „Pestel“ објави дека државата треба да инвестира околу 6,4 милијарди евра за изградба на потребните социјални станови. Од нив 3,6 милијарди евра можат да бидат вратени во државната каса од даночни приходи.

Минатата година повеќе од 1 милион имигранти кои бегаа од војната и сиромаштијата во Блискиот Исток и Африка, пристигнаа во Германија.

Се очекува имигрантите со статус на бегалци постепено да започнат да излегуваат од засолништата и местата за привремено сместување, со што побарувачката за станови во земјата ќе се зголеми. Повеќе од 60% од пристигнатите имигранти најверојатно ќе си обезбедат азил и во еден момент ќе мора да си побараат живеалиште надвор од државните центри.

Најпосакуваните од имигрантите се поголемите градови, каде што има поголеми имигрантски дијаспори и подобри перспективи за вработување. Големите градови сепак привлекуваат и се повеќе млади Германци. Од 2000-та година населението во петте најголеми градови во Германија – Хамбург, Келн, Франкфурт, Минхен и Берлин, расте со околу 10 отсто годишно.

Од станбеното Министерство се уште не сметаат дека настапила криза на станбениот пазар. Министерството, признава дека, сепак, потребите од домување стануваат се поголеми во одредени градови и во универзитетските градови кои се уште попривлечни за населението.

Властите во Германија не сакаат да градат специјални згради за сместување на имигранти, за да се избегне создавањето на гета и имигрантски населби и да ја промовираат интеграцијата на новодојдените кои добиле статус на бегалци.

Во исто време Германците продолжуваат да купуваат имот, поттикнати од ниските хипотекарните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП