19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот нафтен сектор во две години губи 120.000 работни места

Британскиот нафтен сектор во две години губи 120.000 работни места

naften-sektor

Во британскиот нафтен и гасен сектор оваа година поради ниските цени на нафтата се очекува губење на уште 40.000 работни места, откако минатата година веќе беа укинати 84.000, покажуваа извештајот на компанијата „Oil & Gas UK“.

Кога цените на нафта беа на врвот во 2014 година, овој сектор во Велика Британија, директно или индиректно во услужниот сектор, поддржуваше околу 430.000 работни места, додека во новото истражување се проценува дека на крајот од 2016 година оваа бројка ќе падне на 330.000 работни места.

Цената на барелот нафта во овој период се движи околу 50 долари, додека кон половината на 2014-та се движеше над 100 долари.

„Откако трае трендот на падот на цените на нафтата, индустријата троши повеќе отколку што заработува. Тоа не е одржливо и компаниите се соочени со тешки одлуки., За да преживее, оваа индустрија нема избор, туку да ги подобри изведбата“, вели за BBC Диадре Мичи, извршна директорка на „Oil & Gas UK“, пред годишната конференција на оваа компанија, која ќе се одржи подоцна седмицава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП