28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSymantec ја купува Blue Coat Systems за 4,65 милијарди долари

Symantec ја купува Blue Coat Systems за 4,65 милијарди долари

symantec-700

Американската технолошка компанија „Symantec“ се подготвува да го купи обезбедувачот на мрежни решенија и такви за безбедност „Blue Coat Systems“ за околу 4,65 милијарди долари. Договорот би довел до зајакнување на позициите на лидерот во областа на технологијата за „сајбер“ заштита.

Главниот извршен директор на „Blue Coat“, Грег Кларк ќе го преземе раководството на обединетите компании и ќе се приклучи на одборот на директори, откако договорот ќе биде завршен во третиот квартал, најавија и двете компании во соопштение.

Кларк ќе стане четвртиот извршен директор на „Symantec“. Тој можеби ќе се покаже во вистински лидер, од кој фирмата има потреба веќе подолго време – со искуство во управувањето на компанија за „сајбер“ безбедноста. Новиот потфат ќе им донесе и повеќе надежи на инвеститорите дека компанијата ќе ја постигне така посакуваната стабилност.

Кларк ќе го замени Мајкл Браун, кој одговараше за продажба на единицата на „Symantec“ – „Veritas“, во јануари. Компанијата беше купена за 7,4 милијарди долари од „Carlyle Group“.

Компанијата со седиште во Маунтин Вју, Калифорнија, „Symantec“ е во центарот на реорганизирање на својот бизнис и се обидува да обезбеди повеќе сили на пазарот во одлуки за „сајбер“ безбедноста. Најголемиот развивач на софтвер за безбедност, кој ја намали прогнозата за продажбата и профитот во април, се обидува да се трансформира и да ги задржи позиции во индустрија која е многу различна од нејзиниот антивирусен софтвер кој и помогна да се развие во минатото.

Претходно во оваа година „Symantec“ водела преговори за стекнување на „FireEye“, тврди извор запознаен со предметот. До договор така и не дошло поради стравот на „Symantec“ на потенцијалот за раст на „FireEye“, додал изворот, кој посакал анонимност. Слично на „Symantec“, „FireEye“ не успева да се избори со конкуренцијата и неодамна ја намали прогнозата за профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП