3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Јапонија

Fitch ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Јапонија

japonija-japan-japan-japonski-ekonomija

Амерканската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Јапонија, поради одлуката на Токио да го одложи зголемувањето на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ).

„Fitch“ соопшти дека прогнозата за рејтингот на Jапонија се менува во „негативна“ од „стабилна“, но дека го задржала кредитниот рејтинг со оценка „А“, пренесува Франс прес.

„Одложеното зголемување на стапката на ДДВ ја поткопува посветеноста на Јапонија за намалување на огромниот долг, кој сега е двојно поголем од бруто домашниот производ на Јапонија“, се наведува во соопштението на Фич.

Ревизијата на прогнозата, како што се додава во соопштението, пред се е одраз на падот на довербата на „Fitch“ во посветеноста на јапонските власти кон фискалната консолидација.

„Зголемувањето на ДДВ е важен елемент во буџетските планови на Владата“, се наведува во извештајот на „Fitch“.

Од агенцијата за кредитен рејтинг порачаа и дека Тoкио не го претставил планот со чија помош ќе ги надокнади приходите загубени поради незголемувањето на ДДВ на 10,0 проценти од актуелните 8,0 проценти.

Јапонската економија во првиот овогодишен квартал порасна за 0,5 проценти или за 1,9 проценти на годишно ниво, но сеуште е присутна загриженоста во поглед на силината на нејзиното закрепнување, оценува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП