22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Kолку изнесува глобалниот извоз на автомобили во 2015-та година?

График на денот: Kолку изнесува глобалниот извоз на автомобили во 2015-та година?

vozila 333

Според податоци на „World’s Top Export“ глобалниот извоз на автомобили во 2015-та година изнесува 672,9 милијарди долари, пишува „chartsbin.com“. Автомобилите се вториот најголем извезуван производ во светот, а пред нив е само сурова нафта.

Колосалната вредност на вкупниот меѓународен извоз на автомобили за 2015-та година забележува зголемување од 5,5% во однос на 2011-та година, но сепак е за 5,2% помалку во однос на податоците за 2014-та година, кога изнесуваше 709,7 милијарди долари.

Што се однесува до одделни континенти, европските земји придонесуваат со најголема сума во доларски израз. Испораките изнесуваат 363,9 милијарди долари, или 54,1% од сите меѓународни продажби на возила.

Во Европа се наоѓа и земјата каде извозот минатата година постигна највисоки резултати – Германија со 152,7 милијарди долари, или 22,7% од глобалниот извоз.


via chartsbin.com

На второ место на листата е Јапонија со 86,1 милијарди долари, или 12,8% од меѓународната продажба, а на третото место е САД со 55,3 милијарди долари, или 8,2%.

Во првите десет има уште четири европски земји – Велика Британија, Шпанија, Белгија и Франција. Топ 10 се дополнува со Канада, Јужна Кореја и Мексико. Првите петнаесет држави формираат 88,7% од глобалниот извоз на автомобили во 2015-та година.

Според податоците земјите кои се најбрзо растечките извозници на автомобили од 2011-та година, се Унгарија (раст од 128,8%), Италија (од 51,6%) и Мексико (22,3%). За сметка на тоа, земјите со најголем пад на продажбата на автомобили за извоз се Франција (пад од 23%), Белгија (2,1%) и Германија (1%).

Македонија исто така е присутна на листата и ја зазема 127-та позиција со извоз за 560.0000 долари, или 0,0001% од глобалниот извоз на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП