24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft ќе прави мини таблет

Microsoft ќе прави мини таблет

tablet-pile-3650_610x407-e1351272060999

Американскиот софтверски гигант „Microsoft“ ќе развива свој мини-таблет со екран од седум инчи.

Сериското производство на мини-таблетот, која ќе работи на оперативниот систем „Windows 8“, би можело да започне кон крајот на годината.

Според информацијата која процури од компанијата седуминчните таблети не биле дел од стратегијата на компанијата во минатата година, но менаџерите сфатиле дека е потребен одговор на се популарните мали таблети, како што се на „Google“ – „Nexus“ со седум инчи и „iPad“ од 7.9 инчи на „Apple“.

Инаку за потсетување „Microsoft“ својот прв таблет под името „Surface“ го претстави во јуни минатата година.

Експертите не прогнозираа која ќе биде цената на новиот мини-таблет, но би требало да биде слична како и на уредите на „Apple“ и „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП