23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеваир Холдинг ги уплати парите за "Сончев град"

Џеваир Холдинг ги уплати парите за “Сончев град”

20130111-200743.jpg

Турската компанија Џеваир Холдинг ги уплати парите за земјиштето каде што ќе се гради “Сончев град”. Со тоа, официјално станаа нови газди на парцелата под водно, на која ветуваат дека ќе изградат најелитна населба на балканот.

Турските инвеститори ја уплатиле сумата од 1 милион и 600 илјади евра, потпишан е договорот, и компанијата е впишана како сопственик на парцелата во катастар. Како што информираат од општината Сопиште, сега Џеваир Холдинг има рок од шест месеци до една година, зада достави план за станбениот комплекс, врз база на кој ќе им се издаде градежна дозвола. Од холдингот ја информирале локалната власт дека веќе е даден налог на своите архитекти да го изготват проектот.

“Познавајќи ја како сигурна компанија, која работи на такви големи проекти и капитални објекти, и она што го кажуваа изминативе месеци, ќе се изгради една луксузна населба, која можеби ќе биде една од најдобрите населби од тој тип во регионот” изјави градоначалникот на Сопиште, Јован Ѓоргиески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП