4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол А.Д. Скопје не го прифати полномошното на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“,...

Макпетрол А.Д. Скопје не го прифати полномошното на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, друго лице се јавува како полномошник

mp

На ден 9.6.2016 година, во Макпетрол А.Д. Скопје е примен допис во кој се наведува дека, се доставува полномошно, кое се однесува на претходно примениот допис од 8.6.2016 година, насловен како „намера за превземање“.

После разгледување на документацијата се утврдило дека, полномошното неможе да се прифати, од причина што во доставениот превод од овластен судски преведувач, заверен кај нотар, се потврдува дека, полномошното е дадено на извесен Васко Митев, а не за лицето Петар Стојановски, кој е потпишан како полномошник на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, во дописот насловен како „намера за превземање“.

Да се потсетиме дека „Балкан петролеум“ објави намера за преземање на 30% од акциите на „Макпетрол“ по цена за дури 30% повисока од пазарната цена на акцијата на македонската берза.

Васили Евдокимов е потпишан како директор на компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед” од Лондон, а чиј основач e друга компанија од Кипар. Евдокимов е британски државјанин кој станува директор на оваа фирма веднаш по нејзиното основање на 28 мај годинава.

Овој 59 годишен британски државјанин досега во британските трговски регистри се појавувал како директор на 22 компании. Од 7 директорски места дал оставка, а во 15 случаи компаниите пропаднале. Вредноста на бизнисот во кој Васили е актуелен директор е 0 фунти, пишува во британските документи.

Тој бил директор на компаниите Албаимпорт, Англо-белоруско добротворно друштво, Асоцијација на Белорусите во Велика Британија, Бизантиум инвестмент,  Демаесуши Вимблдон , Диптон ентерпрајс, Лаптев компанија, Оксоил, Умами сити, Винес…

Во сите овие документи професијата на Евдикимов е различна – адвокат, партнер во адвокатска фирма, бизнисмен, директор…

Она што е исто така интересно е што директорот на оф-шор фирмата „Балкан петролеум“ се јавува во „Панама пејперс“, како сопственик на акции во компанијата „Нелвуд лимитед“ на Девствените острови.

„Балакан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај годинава во Лондон, Англија со двајца вработени и основачки влог од 1.000 акции или 1.000 евра. Основач на оваа фирма е фирмата „Даволиа“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени.

ve

vv

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП