20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Инвестициите во еврозоната и понатака под преткризното ниво

ОЕЦД: Инвестициите во еврозоната и понатака под преткризното ниво

ecb-headquarters111

Инвестициите во евроозната и понатака се под преткризното ниво, дел поради проблемите во банките, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Многу негативни ефекти од финансиската криза во еврозоната, како што наведува ОЕЦД, сеуште не се решени а испливаа и некои нови проблеми, но Европа, сепак, успеа да оствари „значително закрепнување“ и да излезе од двојната рецесија.

Економијата на еврозоната веќе три години непрекинато расте, но тој нејзин раст, како што наведува ОЕЦД, не е силен, и поддржан е со неконвенционалните мерки на Европската централна банка, како што се екстремно ниските, дури и негативни каматни стапки и програмата за квантитативно олабавување.

„Инвестициите во еврозоната се зачително под нивото од 2007 година за разлика од ситуацијата во САД“, се наведува во редовниот извештај на ОЕЦД за состојбата на економијата на еврозоната.

Причините за тоа се, како што оценува оваа организација, слабата побарувачка, но и одделни финансиски фактори кои ги кочат инвестициите.

Во одделни држави, компаниите, како што се додава во извештајот, и понатака се оптеретени со високиот товар од долгот, а банките се борат со „планината“ од ненаплатливи кредити, што ги прави банките внимателни при одобрувањето на нови кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП