4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдинствената фабрика за кибрит на Балканот

Единствената фабрика за кибрит на Балканот

kibrit1

Фабриката за кибрит во близина на Травник, Босна и Херцеговина е единствената преостаната фабрика за кибрит на Балканот, а работи веќе 112 години.

Основана во далечната 1901 година, оваа фабрика ги преживеала сите војни, а во 2003 година беше приватизирана, а новите мнозински сопственици инвестирале значителни средства за да ги санираат дотраените објекти и да го одржат производството, вели весникот „Дејли аваз“.

Производствена линија е изградена во 1989 и поради тоа сега бројот на работници во производството е значително намален. Фабриката претставува и музеј, бидејќи во неа се сочувани и старите машини, кои привлекуваат огромно внимание кај посетителите.

Таа била изградена во времето на австро-унгарската монархија, со капитал од 100.000 круни, а регистрирана е во 1901 година, под името „Прва босанска фабрика за кибрит Алкалај комп. Долак“

Најголем непријател на некогаш популарните чкорчиња, како што вели Стипо Франчиќ, еден од мнозинските сопственици, се евтините запалки кои доаѓаат од азиските земји.

„И покрај тоа, кибритот има свое место на пазарот и може да се најде како корисен, но бројот на вработените во овој сектор е значително намален во споредба со предвоениот период“, истакна Франчиќ.

Фабриката на годишно ниво произведува 8.000 пакети кибрит, а секој пакет има 10.000 парчиња, со вредност од 500.000 марки. Овие производи се пласираат, освен на тамошниот пазар, и на пазарите од поранешна Југославија, а до неодамна и на Јужноамериканскиот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП