28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон: Излегувањето од ЕУ ќе донесе „изгубена деценија“

Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе донесе „изгубена деценија“

kamerun

Британскиот премиер Дејвид Камерон во неделата во својот настап на јавниот сервис BBC предупреди на „изгубена деценија“, доколку неговата земја ја напушти Европската унија по референдумот од 23-ти јуни.

Доколку Британците се определат за напуштање на Европската унија, последица од тоа би било „загубена деценија за Обединетото Кралство“ по прашањата за економскиот раст, инвестициите и социјалните издатоци, смета премиерот Дејвид Камерон.

Би следувала декада на несигурност во текот на којашто би требало повторно да се преговара за трговскиот договор со Европската унија, што би ја исцрпело енергијата и на властите и на народот, рече Камерон во политичката емисија на Ендрју Мер.

Камерон смета дека е можно и доколку се случи излегувањето од ЕУ владата долгорочно да не може да ги заштити пензиите, државниот здравствен систем и одбраната. Излегувањето би можело да предизвика „црна дупка“ во јавните финансии и да се закани на „трикратната заштита“ на растот на пензиите, додаде британскиот премиер.

„Нашата економија би се намалила, доколку Британија го напушти единствениот пазар“, предупреди Камерон.

Поборниците на напуштањето на Унијата овие изјави ги нарекоа „очајнички обиди да се спаси неуспешната кампања“ во полза на останувањето.

Влијателниот Кантербериски надбискуп Џастин Велби, духовниот челник на англиканската црква, во неделата изјави дека исто така ќе гласа за останување на Обединетото Кралство во Европската унија, нарекувајќи ја сила којашто носи мир и помирување.

Повикувајќи се на визијата на основачите на Унијата за заздравување на континентот три години по крајот на Втората светска војна, надбискупот Велби рече дека претстојната одлика на Британците на референдумот би требала да биде донесена со истите амбиции и идеализам.

„Европската унија се собра во времето во коешто Европа беше неискажливо уништена од војната, и го обликуваше континентот кој во неодамнешните времиња придонесе за човековиот напредок и социјалната заштита повеќе од кој и да де друг период во европската историја“, заклучи Велби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП