13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатил 3,46 милиони долари за ручек со Бафет

Платил 3,46 милиони долари за ручек со Бафет

bafetvorenbitkoin5444

Анонимен наддавач платил 3,46 милиони американски долари за ручек со Ворен Бафет, еден од најголемите светски инвеститори, објави во саботата Reuters.

Парите ќе бидат уплатени во фондацијата „Gglide“ од Сан Франциско, којашто дава здравствена заштита и храна на бездомници и сиромашни.

Петдневното надавање на eBay завршило во петокот навечер, со конечна сума од 3.456.789 долари. Оваа сума за милион долари е повисока од досегашната рекордна од 2.345.678 долари која во 2012 година кои ги плати извршниот директор на кинеската компанија „Dalian Zeus Entertainment“, Жу Је кој изјави дека му се остварил сонот да биде на деловен ручек со Бафет.

Ворен Бафет досега организираше 17 добротворни вакви наддавања за фондацијата и собра досега 23,6 милиони долари.

Оваа фондација, чијшто годишен буџет изнесува 17 милиони долари, годишно обезбедува 750.000 оброци, 815.000 чисти инјекции и плаќа воншколски програми за 450 деца.

Победникот на аукцијата заедно со седум свои пријатели ќе руча со Бафет во ресторанот „Smith&Wollensky“ на њујоршки Менхетен.

Ворен Бафет е третиот најбогат човек на светот со имоти проценети на 66,5 милијарди долари, објави магазинот Forebs кој на годишно ниво ја составува листата на најбогатите луѓе на планетата./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП