18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШеф Бобан Симоновски од тимот на ГАСТРО МАК најдобар готвач на Меѓународниот...

Шеф Бобан Симоновски од тимот на ГАСТРО МАК најдобар готвач на Меѓународниот гастро туристички шампионат

vbvb

Македонските готвачи – шефови на кујни остварија извонеден успех на третиот Меѓународен гастро-туристички шампионат Ниш 2016, што Угостителско туристичкото здружение од Ниш го организираше изминатава седмица во рамките на традиционалниот Нишки саем.

Македонскиот национален тим  предводен од шефовите на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, се врати со Пехарот за најдобар готвач на шампионатот, Пехар за најдобар ресторан, освоени 15 златни медали, дипломи за поддршка и развој на гастрономијата и почесно членство на ГАСТРО МАК во Асоцијациите на шефови на регионот Сицилија од Италија и Романија.

Тимот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК се натпреваруваше во сениорска конкуренција во 5 категории: подготвување на чорба од риба, национална кујна, подготовка на јадење на скара, национална кујна на модерен начин и подготовка на фламбирано јадење пред гостин.

Ресторанот ЈУГ од Мрзенци, беше прогласен за најдобар партнерски ресторан и беше генерален покровител на Македонската вечера Шампионатот Ниш 2016

Привилегија на македонскиот тим беше довербата од организаторот, шефовите на ГАСТРО МАК да подготват 1000 порции јагнешка чорба за посетителите на Нишкот саем кои со голем интерес ги следеа натпреварите во поединечните и екипните категории.

Годинава на Шампионатот земаа учество околу 400 натпреварувачи и 30 меѓународни судии од 20 земји меѓу кои: Германија, Романија, Словенија, Црна Гора, Швајцарија, Италија, Израел, Холандија, Велика Британија, Словачка, Србија, Бугарија, Грција, Тунис, Унгарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Азербејџан, Хрватска и Македонија.

По категории одличјата ги освоија: Здружението на готвачи ГАСТРО МАК го предводеше капитенот шеф Зоран Андонов и тимот се натпреваруваше во сениорска конкуренција во екипна и во 5 поединечни категории: подготвување на чорба од риба, национална кујна, подготовка на јадење на скара, национална кујна на модерен начин и подготовка на фламбирано јадење пред гостин. Зоран Андонов, капитен на екипата на ГАСТРО МАК, шеф на кујна во ресторан ”Албис” Гостивар –  Златен медал во категорија подготвување на чорба од риба и златен медал во категорија подготвување на модерна кујна.  Бобан Симоновски шеф на кујна во ресторан ”Скара бар”, – го освои Пехарот за најдобар готвач на Шампионатот, и златни медали во категорија чорба од риба, подготвување на национално јадење на модерен начин, традиционална кујна и јадење на скара. Зоран Мајновски, шеф на кујна во ресторан ”Естел” – Златни медали во категорија подготвување на фламбирано јадење пред гостин, чорба од риба, подготвување на национално јадење на модерен начин, традиционална кујна. Бобан Билбиловски, шеф на кујна во ресторан ”Електра гарден” Тетово –  златни  медали во категорија подготвување на чорба од риба, подготвување на јадење на скара и традиционална кујна, и Влатко Ѓјоргиески , шеф на ресторан во хотел „Бетон” Охрид,  златни медеали во во категорија чорба од риба, подготвување на традиционална кујна и модерна кујна

Извонредниот настап на шефовите на кујни од Македонија беше заокружен со подготовка на Македонската вечер, на која готвачите подготвија вечера за сите учесници на шампионатот. Гостите во духот на традицијата ги вкусија многубројните препознатливи специјалитети од познатото тавче гравче, мусаката со патлиџани, турлитава, тавче ориз, компир печен во фурна, јагнешка чорба, јагнешко и јарешко печено месо, повеќе видови меса и колбаси подготвени на традиционален начин како и познатите пинџур, ајварите на ДИ-ЕМ и ВОРИ препознатливи во регионот како „македонскиот кавијар”, макало, македонски кашкавал и биено сирење. Во делот на десертите беа послужени слатко од смокви, кадаиф и раванлија. На одушевување на гостите вкусната храна подготвена од врвните македонски готвачи беше надополнета со големиот избор на македонски вина од винариите Стоби, Далвина, Виналија визба Валандово и познататите вина и струмичка мастика на Грозд Струмица.

Завршната вечер на Шампионатот на која домаќии беа македонскиот тим, беше збогатена и со избор за Убавица на туризмот 2016. Македонскиот тим како во насока на промоција на туризмот на земјата во соработка со хотел „Бетон” од Охрид на Мис на туризмот Ниш 2016 ѝ подари престој во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП