17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАPimco: Валутите ќе претрпат удари заради централните банки и Brexit

Pimco: Валутите ќе претрпат удари заради централните банки и Brexit

udari3 33

Средбата на Федералните резерви на САД и референдумот за иднината на една од најголемите економии во светот се на пат да „удрат“ неколку валути и други средства, тврди „Pacific Investment Management Co.“, цитирана од „Bloomberg“.

Индикаторот за имплицитно глобалната валутна нестабилност во оваа недела скокна со најголем раст по четири месеци, откако трејдерите ги намалија шансите за зголемување на каматните стапки од ФЕД на средбата на 15-ти јуни. Фунтата исто продолжи да поевтинува, а нестабилноста да се покачува, откако последната анкета за референдумот на 23-та јуни за иднината на земјата во Европската унија, овластена од „ORB“ за „The Independent“, покажа дека 55% го поддржуваат излезот, наспроти 45% за останување во Унијата.

„Треба да ги почитуваме техничката несигурност поврзана со политиките на централната банка и уште нестабилните и несигурни политики“, вели Даниел Иваскин, главен инвестициски директор на „Pimco“ која управува со 1,5 илјади милијарди долари. Во однос на доларот „агресивното заздравување во текот на последните неколку години завршува, а секое зајакнување ќе биде многу повремено“, додава тој.

Зелената валута се опорави од дел од загубите во оваа недела, откако се распадна до едномесечно дно по шпекулации дека економијата нема да може да преживее на повисоки трошоци за кредити. Валутата беше управувана од шпекулации за насоката на монетарната политика, класифицирана од ФЕД, која е една од четирите централни банки со политичка средба во текот на следната недела. Останатите се централните банки на Јапонија, Англија и Швајцарија.

Доларот поскапе за 1% во оваа недела во однос на еврото до 1,1251 долари. Фунтата пак забележа пад од 1,8% до 1,4257 долари.

Показателот на „JPMorgan“ за флуктуациите на валутите забележа раст од 10% во оваа недела – најголемиот од седмицата која заврши на 12-ти февруари.

Федералната комисија за отворениот пазар ќе заврши со дводневниот состанок на 15-ти јули со политички изјава за прилагодени економски прогнози и прес-конференција. Иако трејдерите сметаат дека шансата ФЕД да ги подигне каматните стапки на средбата е нула, има 49% можност централната банка да донесе таква одлука до крајот на годината, покажуваат податоците за фјучерсите.

Фунтата забележа бурна недела, поскапување и поевтинување во согласност со истражувањата пред референдумот на 23-ти јуни, на кој Британија ќе одлучи дали да остане во ЕУ. Очекувањата на трејдерите за ценовните флуктуации се искачија до 7-годишен врв, откако инвеститорите беа освоените од загриженоста за потенцијален „Brexit“.

„Геополитиката е централна за тоа како ги гледаме изгледите и потенцијалните ризици за пазарите. Во средина сме, каде растот е кревок, несигурноста е висока и е голем фокусот на ризичните настани кои геополитика може да ги поднесе“, рече Џин Бојви, шеф на економските и пазарни истражувања на „BlackRock Investment Institute“ во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП