18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Светот мора да се фокусира на ова

Шојбле: Светот мора да се фокусира на ова

shojble

На глобалната економија не и се потребни дополнителни поттици од сферата на фискалната политика, државите наместо тоа мораат да бидат фокусирани на намалување на нивото на долгот.

Тоа го изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и додаде:

„Моделот на раст финансиран со должничките хартии ги достигна своите лимити“, изјави Шојбле на една конференција во организација на Дојче банк, а пренесува Ројтерс.

Тој се осврна и на Грција, наведувајќи дека официјална Атина имплементирала најголем дел од договорените реформи и дека е на пат да ја поврати довербата на пазарот, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП