24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Канада

Пад на невработеноста во Канада

kanada-manada

Стапката на невработеност во Канада падна во месец мај за 0,2 проценти поени на 6,9 проценти, што е најниското ниво за една година.

Минатиот месец се отворени 14.000 нови работни места, со што се надминати очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа отворање на само 1.000 работни места, покажаа објавените податоци на државната статистичка служба, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на вработени лица со полно работно време порасна во мај за 61.000, но тоа зголемување делумно го неутрализираше падот на бројот на вработени со скратено работно време за 47.000.

Во мај повеќе луѓе се вработиле во државната администрација, градежништвото, услужниот сектор, образовните установи и преработувачката индустрија, додека во малопродажниот сектор, како и во областа на здравствената и социјалната заштита дошло до гасење на работните места.

Ваквите податоци, сепак, не се целосни, бидејќи агенцијата не била во состојба да ги собере податоците од градот Форт Мекмати, кој неодама беше погоден од пожарите.

Канадската економија веќе доживеа силен удар поради падот на цените на нафтата, која е главен извозен производ на оваа земја. Големиот шумски пожар во покраината Алберт ги принуди канадските нафтени компании да го намалат производството за милион барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП