19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА70 милиони eвропејци не се справуваат добро со читањето и пишувањето

70 милиони eвропејци не се справуваат добро со читањето и пишувањето

citac333

70 милиони европејци немаат адекватни вештини за читање и пишување, а уште поголем број имаат слаби вештини во областа на дигиталните технологии и ниска математичка писменост. Тоа ги изложува на ризик од невработеност, сиромаштија и социјално исклучување, соопшти Европската комисија.

Комисијата усвои нова сеопфатна европска програма за вештини. Целта е да се направи така што луѓето да развиваат широк спектар на вештини од рана возраст, што да влијае на пазарот на труд и растот во Европа.

Голем број Европејци, вклучувајќи ги висококвалификувани млади луѓе работат на позиции кои не одговараат на нивните заложби и аспирации. Во исто време 40% од европските работодавци велат дека немаат луѓе со потребните вештини за да се шират претпријатијата и да има иновации.

Паралелно со тоа, премалку луѓе имаат претприемачки начин на размислување и вештини да започнат и да развијат сопствен бизнис.

Затоа Комисијата нуди листа на активности, на пример да биде формирана коалиција за вештини и работни места во областа на дигиталните технологии, иницијатива за претворање на стручното образование во прв избор, следење на сертифицирани дипломци, анализа за решавање на проблемот со одливот на мозоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП