16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде работат најмногу во светот?

Каде работат најмногу во светот?

mn rab 00

Онлајн изданието „Expert Market“ направи рејтинг листа за тоа каде луѓето работат најмногу. Истражувањето е направено врз база на годишните податоци на швајцарската финансиска група „UBS“ за тоа колку се работи во водечките градови во светот. Резултатот е поделен на 52, за да се постигне појасна претстава колку часа е работната недела.

Интересен е фактот дека сите градови, кои спаѓаат во првите десет на листата, се карактеризираат со над 40-часовна работна недела, или повеќе од 8 часа на ден. За споредба, вработените во Лондон одат на работа во просек по 33.5 часа неделно, а во Њујорк – 35.5 часа.

10. Богота, Колумбија – 40.3 часа

Жителите на колумбиската престолнина работат најмногу во споредба со останатите водечки јужноамерикански градови. На вработените таму им се паѓаат по 2.096 часа работа на годишно ниво, како и само 15 дена одмор.

9. Џакарта, Индонезија – 40.4 часа

mn rab 01

Тоа е дом на 30 милиони луѓе. Овој огромен број на луѓе работат во просек околу 10% над она што се работи во светот. Според податоците тие искористуваат 12 дена одмор годишно.

8. Тајпеј, Тајван – 41.2 часа

Жителите на островската држава работат по 41.2 часа неделно, или вкупно 2.140 часа годишно. Тоа е за 11.4% повеќе од просекот на глобално ниво.

7. Најроби, Кенија – 42 часа

mn rab 02

Ова е еден од најважните економски градови во Африка. Постои силна работна култура, како и 2.184 работни часа секоја година. Тоа е со 13,2% над просекот на глобално ниво.

6. Дубаи, ОАЕ – 42.04 часа

Познат повеќе како место каде живеат арапски шеици и дестинација за одмор на богатите, поради тоа повеќето луѓе ги зачудува фактот дека градот се наоѓа на шестото место во вакво рангирање. И макар да работат доста часови, жителите на градот уживаат и значителна пауза од 30 дена во годината.

5. Бангкок, Тајланд – 42.1 часа

mn rab 03

Жителите на овој град во практика се на четврто место во Азија по најмногу часови. А во Азија, како што сите знаеме, работат многу. Таму исто така уживаат многу помалку викенди во годината – едвај 9.

4. Њу Делхи, Индија – 42.6 часа

Еден од двата индиски града, кои спаѓаат во листата. Главниот град на втората најнаселена земја во светот се карактеризира со долги работни часови. Поточно со 14.56% подолги, во споредба со просекот на светско ниво.

3. Мексико Сити, Мексико – 43,5 часа

mn rab 04

Најмногу кои работат во западниот свет се жителите на мексиканската престолнина. Луѓето уживаат просечно по 17,3 дена во годината и работат со 16.3% повеќе од просекот на жител во светот.

2. Мумбаи, Индија – 43.8 часа

Мумбаи е вториот индиски град кој се најде во рангирањето. Исклучително густо населен, жителите на финансиската престолнина на Индија работат по 2.276.6 часа во годината.

1. Хонг Конг – 50 часа

mn rab 05

Немаше како жителите на Хонг Конг да не се најдат во листата. Дом на седиштата на некои од најголемите светски корпорации, во азиската финансиска престолнина се работи многу … Попрецизно со 27.4% повеќе од она што се работи во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП