2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите Најдобар млад програмер

Доделени наградите Најдобар млад програмер

mladi-programeri

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Здружениетo на информатичари на Македонија, во петокот втора година по ред го реализираа проектот наречен Најдобар млад програмер.

Оваа година од буџетот на Агенцијата за млади и спорт беа издвоени 160 000 денари наменети за награди за најдобрите .

Првите две места и 40 000 денари им беа доделени на Владимир Максимовски и Димитар Барјактаров, додека па двете втори места и ваучер од по 25.000 денари освоија Никола Стојкоски и Душан Терзиќ. Третите места и 15.000 денари, пак, им припаднаа на Филип Михов и Марко Чаласан.

Дополнително, најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот.

„Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и со Здружението на информатичарите на Македонија, кое поседува лиценца за одржување на државни натпревари во Република Македонија во програмирање. Проектот започна со реализација во текот на декември 2015 година со спроведување на караванот по средните училишта во Република Македонија, со цел промовирање на проектот и информирање на средношколците за самиот натпревар“, истакна директорот на АМС, Марјан Спасески.

На натпреварите учествуваа преку 400 учесници, а најдобрите беа избрани од страна на стручната комисија формирана од Здружението на информатичари на Македонија. Имено, тоа беше една од целите на овој проект, низ правилна филтрација на регионалните и Државните натпревари да се добијат најдобрите шестмина кои достојно ќе ја претставуваат Македонија претставуваат на претстојната Балканска олимпијада, којашто ќе се одржи од 27-ми јуни до 2-ри јули на Кипар) и Интернационална олимпијада, од 17-ти до 19-ти август, во рускиот град Казан.

Агенцијата за млади и спорт, како што најави директорот Спасески, и во текот на 2016 година ќе продолжи со проектите за поддршка и развој на младите луѓе, но и соработката со релевантни институции со што веруваме дека значајно ќе се придонесе за поттикнување на креативноста, иницијативноста и јакнење на потенцијалот на младите луѓе кои ја претставуваат иднината на оваа држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП