28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовисок промет на МСЕ благодарение на блок трансакциите

Повисок промет на МСЕ благодарение на блок трансакциите

mak berza

Трговскиот ден започна со блок трансакција со акциите на РЖ Уготур, во износ од 211.117 акции по цена од 101 денар од акција.

Оваа количество претставува 24,3 отсто од вкупно издадениот број акции на компанијата. Вкупната вредност на истата изнесуваше 21,3 милиони денари и со тоа акцијата го зазеде првото место по остварен промет.

Втората реализирана трансакција денес беше уште една блок трансакција и тоа со акциите на Скопски Пазар, чија вредност порасна за 10 отсто. Вкупно 161 акција се истргуваа по цена од 8.970 денари по акција.

Пораст од 10 отсто имаше и акцијата на Макпетрол. Останатите истргувани акции забележаа промет под еден милион денари, поединечно.

МБИ10 порасна за 1,61 отсто и изнесуваше 1.753,38 индексни поени додека ОМБ се корегираше за 0,03 отсто во позитива и изнесуваше 126,72 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП