Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2.0%.
Во првото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: И- Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13.3%; К и Л- Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11.7% и Ѓ – Градежништво од 7.7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3.2%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12.6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7.4%.