24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработување на стоте најдобри студенти во институции од јавен сектор

Вработување на стоте најдобри студенти во институции од јавен сектор

muci

Владата, преку Министерството за информатичко општество и администрација, започна со реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Македонија.

Со цел да се воспостави континуирано вработување на најдобрите студенти во институциите на јавниот сектор, изготвен е Предлог закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите, чиј текст ќе се најде во владина процедура веќе во текот на следната недела, најави заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски.

Предлагач на законот е Министерството за информатичко општество и администрација, а како што е предвидено во завршната одредба, неговата примена ќе започне од 1 август 2017 година.

„Секоја година, во август, Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година имаат завршено универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и вториот циклус на студии. Стоте работни места ќе бидат распределени на петте најдобри јавни универзитети во Република Македонија, според последно објавената официјална ранг-листа на високообразовни установи во Република Македонија”, изјави Муцунски.

При пресметката на бодовите од формалното образование, главен критериум ќе биде просечниот успех со кој кандидатот ги има завршено студиите. Дополнителни бодови ќе носат и освоените меѓународни награди, како и бројот на положени испити на студентот кај професор кој има објавено повеќе од два меѓународни трудови во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс (Web of science).

„Со цел да се обезбеди застапеност на вработување од сите профили, во постапката за вработување, при распределбата на работните места ќе се води сметка, работните места да бидат распоредени на сите научни подрачја, односно да се вработат најдобрите студенти од различните студиски програми“, рече Муцунски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП