11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на европските акции на најниски нивоа во две седмици

Цените на европските акции на најниски нивоа во две седмици

berzi eu33

Цените на европските акции се лизнаа денес на најниските ниво во последните две седмици како резултат на продолжената загриженост на политички план, поради што под поголем притисок беа акциите на секторите чии движења се тесно поврзани со состојбата во економијата.

Паневропскиот FTSEurofirst индекс на 300-те водечки акции се лизна за 1,1 отсто и малку по 11 часот во петокот изнесуваше 1.325 поени. Претходно во еден момент падна на 1.324 поени, најниското ниво од крајот на април. Индексот од почетокот на седмицата е во минус 1 процент, а паѓа втора седмица по ред. Европскиот STOXX 600 индекс, исто така, е во минус од 1,1 отсто.

Најголем губитник околу 11 часот беше франкфуртскиот индекс DAX, паѓајќи за 1,64 отсто, на 9,.923 поени. Следи лондонскиот FTSE во минус за 1,12 отсто, на 6,156 поени, и парискиот CAC кој се лизна за 1,1 отсто, на 4.356 индексни поени.

Најмногу беа погодени цикличните акции, како на европскиот сектор за осигурувањето, банкарството, градежништвото и патувања, чии акции ослабеа во распон од 1,2 до 1,5 отсто.

Акциите на банките „Standard Life“, „Royal Bank of Scotland“, „Barclays“ и „Prudent“ поевтинија од 1,5 до 2,1 отсто. Од поединечните позначајни губитници се издвојува акцијата на германската воздухопловна компанија „ Lufthansa“, со пад на цената за околу 4 отсто, по вестите дека финансиската директорка Симоне Менне се подготвува да отстапи од функцијата.

Губитници во петочното претпладневно тргување имаше и во секторот на сировините, Индексот на енергетскиот сектор, притоа, падна за 0,7 отсто, а на секторот руди за 0,5 отсто, по падот на цените на сировата нафта и на индустриските метали.

„Пазарот јакнеше малку повеќе отколку што беше потребно, така што не преставува големо изненадување што сме сведоци на корекции пред некои важни геополитички настани кои ни претстојат следните неколку седмици“, вели Филип Гижетс, шеф на одделот за анализи во банката „BNP Paribas Fortis Global Markets“.

Во фокусот на вложувачите, во прв ред, е претстојниот референдум на кој Британците ќе гласаат за останување или излегување од Европската унија

„Скорешниот британски референдум кој се одржува за помалку од две седмици, продолжувањето на слабиот раст во ЕУ и подемот на цените на нафтата, се чини дека заедно го земаат данокот во европски акции“, смета Маркус Хубер, трговец во компанијата „City of London Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП