Компанијата „Mercedes-Benz“ е во завршна фаза со правењето на електричен кросовер, чија премиера ќе се одржи на автосаемот во Париз во октомври. Сериската верзија на противникот на „Tesla Model X“ треба да се појави на пазарот во 2019-та година, соопштува „Autocar“.
Неодамна од германскиот производител соопштија дека подготвуваат целосно нов бренд со еколошки модели со цел да се натпреварува со моделите од серијата „i“ на „BMW“. До крајот на годината Концернот „Daimler“ ќе претстави 3 целосно нови електрични возила – „B-Class“ на струја и две модификации на „Smart“.
„Во 2017-та година ќе се воведе автомобил, кој како гориво ќе користи водородни клетки, кој ќе биде изграден на платформата на „GLC“ и ќе биде со нулта индикатори на штетните гасови „СО2““, соопшти шефот на одделот за продажба и маркетинг на „Daimler“ – Ола Калениус.
Според неофицијалните податоци, возилото со погон на водород ќе се вика „GLC F-Cell“. Со едно полнење тој ќе може да поминува околу 600 километри, а неговото целосно полнење ќе трае само 3 минути. Калениус додава дека до крајот на 2017-та година спектарот на модели ќе биде пополнет со вкупно 10 хибридни возила.
Во моментов „Mercedes-Benz“ подготвува целосно нова платформа за своите електрични автомобили. Таа се нарекува „EVA“ и во голема мера ќе повторува шасијата „MRA“, а првиот автомобил на неа ќе биде седан. Тој ќе го заземе место меѓу „C-Class“ и „E-Class“ во палетата на брендот и ќе се натпреварува со „Tesla Model S“.
Електричните возила на брендот ќе бидат со заден пренос и ќе располагаат со моќност од 402 КС. Ќе има и верзии со погон на сите четири тркала, кои ќе добијат дополнителен електромотор со моќност од 120 до 201 КС. Сите модели ќе имаат адаптивна суспензија и систем за обновување на енергијата.